Како што дознава „Спортмедиа“, унгарскиот вицешампион МОЛ Види во чии редови настапува и нашиот репрезентативец Бобан Николов е пред потпис со стандардниот стопер на нашиот национален тим, Висар Муслиу.

Фудбалерот на шампионот Шкендија веќе има отпочнато преговори со преставниците на МОЛ Види и наскоро се очекува конкретна понуда. Во Тетово веќе се зборува за заминувањето на Муслиу, само останува да се конретизираат уште некои детали.

Несомнено, од овој трансфер добро ќе заработи и Шкендија, затоа што Муслиу е еден од најдобрите фудбалери на шампионот.