Ник Кирјос продолжува да прави проблеми и скандали каде и да се појави, па така најнов е испадот на денешниот меч од Шампионшипот во Квинс. Тој во натпреварот против Роберт Карбалес Баена, славеше со 7:6, 6:3, но во текот на целиот меч имаше нешто да му каже на судијата Марфи Фергусон.

Прво се пожали на една негова одлука „Се шегуваш? Топката беше внатре, имаше само една работа овде“, а потоа Кирјос продолжи „И капата ти е смешна, зошто ја носиш? Нема сонце, зошто ја носиш?“

Австралиецот се истакна и при појавувањето на емисија за деца во Квинс, на која се правеше дека не знае кој е Новак Ѓоковиќ.