Кејлор Навас, отпишаниот голман од редовите на Реал Мадрид, кариерата ќе ја продолжи во Португалија, и тоа во тимот на Бенфика.

Со тоа тој ќе тргне по стапките на неговиот претходник Икер Касиљас кој што од Реал замина во Порто.

На Навас нема да се смета идната сезона, па од тука тој е во потрага по нов клуб. Пред неколку недели беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунјатед, на местото на Де Геа кој требаше да замине во ПСЖ.