Атлетико Мадрид го компетира трансферот на младиот играч за врска Маркос Љоренте од Реал Мадрид. Сумата што „јорганџиите“ ќе му ја исплатат на градскиот ривал изнесува 40 милиони евра, а фудбалерот потпиша петгодишен договор.

Овој фудбалер никогаш не бил во плановите на Зинедин Зидан, а покрај се подобриот Касемиро немаше шанса да избори стандарно место во тимот. Па реши среќата да си ја побара на друго место и во вистински момент се јави Атлетико со убава понуда.

Љоренте од 14-годишна возраст е во Реал, мислеше дека ќе го исполни сонот и ќе биде еден од највлијателните играчи во клубот. Меѓутоа не успеа покрај силната конкуренција и волјата на тренерот, па после една деценија е принуден да ги менува боите. Се радува на новиот почеток и на подобри денови за себе и за својата кариера.

Во писмо Љоренте се прости од Реал Мадрид и од навивачите со порака дека заминува со мирна совест, затоа што се трудел, се жртвувал да прерасне во голем фудбалер. Си го исполнил сонот со тоа што заиграл за Реал и со овој клуб имал незаборавни моменти и натпревари, а сега отвара нова страница во својот живот.

Тој доаѓа како замена за Родри кој најверојатно ќе направи трансфер во Манчестер Сити.