Европскиот шампион Вардар, попладнево и официјално ги потврди двете руски засилувања за следната сезона. Сергеј Горпишин и Павел Атман во следните две сезони ќе бидат дел од шампионскиот тим на Вардар.

Сергеј Горпишин (21) настапува на позицијата пивотмен и доаѓа од бундеслигашот Ерланген, каде играше од летото 2017 година, а Павел Атман (32) игра на позицијата лев и среден бек и исто така доаѓа од бундеслигата односно од тимот на Хановер.

Двојниот европски првак сериозно се подготвува за новата сезона каде повторно ќе игра на три фронта, во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во плејофот во домашното првенство. Ова се две засилувања што им се придружуваат на Летонскиот голман Артурс Кугис.

„Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни прпеораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секао ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.