Маурицио Сари денеска беше и официјално промовиран за нов тренер на Јувентус. На прес-конференција на стадионот „Алијанц“ во Торино, Италијанецот ги искажа своите очекувања од превземање на клупата на гигантот од Италија.

Тој пред новинарите го искажа своето навивање за Наполи, за грешката за неговото заминување, и за посветеноста на Јувентус да го донесе во своите редови.

„Навивав за Наполи, нормално, таму сум роден. Давав се од себе. Во последните неколку месеци се сомневав меѓу мојата посветеност кон клубот и навивачите и професионалниот однос дека авантурата мора да биде готова. После тоа заминав во Челзи, не сакав да водам клуб во Италија“, рече Сари и додаде:

„Јувентус ми даде шанса и ова е круна на мојата кариера која беше тешка. Кога Јувентус ме контактираше чувството беше силно. Никогаш во мојата  30-годишна кариера не сум видел клуб кој е толку посветен да донесе тренер. Никогаш не сум видел толку многу директори, толку посветени луѓе да донесат еден тренер. Беа единствени и убедени во својот избор и тоа ми значи“, рече Сари.

Тој се осврна и за најдобриот играч Кристијано Роналдо како и за системот на игра.

„Прво целта на Јувентус треба да биде освојување на Лигата на шампионите, ноо мораме да бидеме свесни дека осум-девет тима се во таква ситуација. Одговорноста моја е да ја освојам титулата во Италија, во Европа тоа би било сон. Сум тренирал добри играчи, но Роналдо е ниво над сите. Тој е на врвот на светот, го има секој рекорд и ќе му помогнам да постави нови рекорди“, изјави Сари.