Нешто подоцна од вообичаеното, кога станува збор за Работнички, а причината е неиграњето во Европа, клубот од Градски парк своите подготовки ќе ги стартува на 26 јуни. На првиот собир новиот стратег Александар Влахо ќе одржи прозивка а потоа засилено ќе се тренира. Инаку сеуште не е прецизирано каде ќе се одвива главниот дел од овие подготивки, прва опција е Банско (Бугарија). Планирано е до стартот на сезоната Работнички да одигра 6-7 припремни натпревари, од кои првите две би биле со Борец на 6 јули и со Кит Го една недела подоцна.