Игор Карачиќ пристигна во Скопје за да бара „дозвола“ од Столе Стоилов за бројот пет во неговиот нов клуб Келце. Хрватскиот репрезентивец по седум години минати во Скопје, сега ќе се пресели во Полска, но и натаму останува другар со Стоилов.

Откако по промоцијата официјално го праша Стоилов дали може да го земе дресот со број пет, сега пристигна во Скопје за директно на го праша на капитенот на „црвено-црните“. Со оваа објава се „пофали“ Стоилов на својот профил на „Инстаграм“.