Фатјон Јусуфи, засега единственото ново име во редовите на Шкупи, се осврна на завчерашната ждрепка во Лигата на Европа. Познато е дека чаирчани за ривал го добија тимот на Пјуник од Ерменија, а исто така познато е дека до пред некој ден Јусуфи беше член ерменскиот Ширак, така да добро ги знае приликите во фудбалот во таа земја.

„Што се однесува до тимот на Пјуник, тоа е тим кој е максимално компактен, одлично организиран и како клуб. Сепак со оглед на тоа што ние го поседуваме како квалитет сметам дека имаме добри шанси да се пласираме во следната рунда. Иако јас во Ерменија бев само шест месеци, веднаш забележав дека сите екипи, односно играчите се максимално физички подготвени. Ние мораме да бидеме внимателни на првиот меч на гости, за да потоа во Скопје, на наш терен, одиграме најдобро што знаеме и успееме да се одиме во 2.квалификациско коло во Лигата на Европа“ изјави Фатјон Јусуфи.