Дали на повидок е трансфер на Омар Имери во Фенербахче? Имено веќе неколку денови, низ медиумите во Турција, се шпекулира дека турскиот гигант е силно заинтересиран за услугите на младиот играч на Шкендија, и еден од најдобрите млади офанзивци во нашата Прва лига. Се споменува дека првите контакти се направени со челниците на нашиот шампион, има „виза“ од скаутите кои веќе подолго време го следат настапот на Омар, и тоа дека цената за која Имери би се преселил ова лето во Истанбул е 350.000 евра. Пари кои би ги добила Шкендија како отштета.