Барањето на Ферари за преиспитување на одземената победа на Себастијан Фетел на трката за Големата наградата на Канада ќе се разгледува утре. Од ФИА потврдија дека жалбата е пристигната, па комисијата утре ќе седне на маса да ја разгледува оправданоста за санкцијата кон Фетел од 5 секунди, кој на крајот му ја одзема победата на патеката „Жил Вилнев“.

Сослушувањето е утре меѓу двата тренинга во очи на трката за ГН на Франција. Се очекува Ферари да престави нови докази, а судиите ќе одлучат дали тие се доволни за повторно да се отвори и промени одлуката за казната на Фетел.

Ферари е одлучен во тоа да докаже дека Фетел ништо не погреши, а во понеделникот поднесе и „право на ревизија“ според Меѓународниот спортски кодекс.