„Николо сака да остане во Ромa, но ако клубот има проблеми тогаш не знаеме како тоа да го изведеме”, изјавил таткото на младиот напаѓач на „волчицата“, Заниоло.

Франческо Тоти пред некој ден најави дека во клубот е вистински хаос. Римјаните имаат финансиски проблеми и треба да најдат начин како тоа да го решат во скоро време. Заниоло сака да ја продолжи кариерата во Рим, но за возврат чека добра понуда од клубот.

„Тој има четиригодишен договор и не гледам причина зошто би помислил да си замине”, изјави Игор Заниоло за италијанското радио .

„Сепак, ако клубот има други проблеми, тогаш тоа не е до него. Во моментов, не знаеме со кого да разговараме, бидејќи новиот директор сè уште не е формално назначен. Веднаш штом ќе го решат тоа, сигурен сум дека ќе бидеме меѓу првите кои ќе бидат повикани“, дополнил таткото на фудбалерот.