Не секогаш се е во парите. Уште еден доказ е примерот со Ќатип Османи, трофејниот стратег на Шкендија и еден од нашите најдобри тренери во историјата, според освоените  титули.

Kако што дознаваме, популарниот Ќато, веднаш по освојувањето на својот трет шампионски пехар и завршување на последната сезона, добил фантастична понуда од еден прволигашки клуб од Кувајт. Името на клубот не го споменуваме со цел да нема некои непријатности, но факт е дека од финансиски аспект таа понуда била неколку пати поголема од она што сега Ќатип Османи го добива од Шкендија.

За разлика од некои други тренери кои веднаш би прифатиле и би заминале во пребогатиот Кувајт, Ќато веднаш ја одбил со образложение дека нему во Шкендија му е супер и дека се уште има незавршена работа со тетовскиот клуб. А тоа е пласман во групната фаза во Лигата на Европа, сака човекот да ја испише историјата на Шкендија. Се разбира и да помогне во тој евентуален успех.