Женската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години ќе го означи официјалниот почеток на подготовките за настап на Европското првенство (дивизија Б) идната седмица.

Првата прозивка, селекторот Виолета Здравковиќ заедно со своите стручни соработници ја закажа на 25 јуни (вторник), во салата „Независна Македонија“ при о.у. „Невена Георгиевa – Дуња“. На списокот на повикани кошаркарки се најдоа 20 имиња:

  1. Рина Салиу Шкупи – СКОПЈЕ
  2. Марија Димитриевиќ Club Deportivo Promete
  3. Ана Цветковска Club Deportivo Promete
  4. Габриела Модева СТРУГА 2009 – СТРУГА
  5. Розе Укоска СТРУГА 2009 – СТРУГА
  6. Ива Чолакоска СТРУГА 2009 – СТРУГА
  7. Ангела Белеска СТРУГА 2009 – СТРУГА
  8. Елена Пешиноска СТРУГА 2009 – СТРУГА
  9. Стефанија Цветаноска Гостивар – ГОСТИВАР
  10. Стефани Цветановска БАДЕЛ 1862 – СКОПЈЕ
  11. Мартина Маркоска БАДЕЛ 1862 – СКОПЈЕ
  12. Мартина Блажевска БАДЕЛ 1862 – СКОПЈЕ
  13. Дева Глигорова БАДЕЛ 1862 – СКОПЈЕ
  14. Мила Вељаноска СТРУГА 2009 – СТРУГА
  15. Тамара Гилева Вардар – СКОПЈЕ
  16. Нина Зафирова Stella Azzurra – ROMA
  17. Христина Ставревска Пелистер – БИТОЛА
  18. Ивана Вељковиќ Пелистер – БИТОЛА
  19. Лиле Миткова Трокал – КАВАДАРЦИ
  20. Ана Ангеловска К.Паланка – КРИВА ПАЛАНКА