Двата милански гиганти, Милан и Интер си подадоа рака и се договорија дека заедно ќе вложат 700 милиони евра во нов стадион. Големото ривалство го тргнаа на страна и одлучија заеднички да вложат во инфраструктура која им е и тоа како важна за имиџот и на едните и на другите.

Според италијанските медиуми „Сан Сиро/Џузепе Меаца“ ќе продолжи да постои, односно новиот стадион нема да се гради на негово место или, пак, тој да се реконструира, туку новиот дом на Милан и на Интер ќе биде во негова непосредна близина.

Изградбата ќе чини 700 милиони евра, а новиот стадион ќе биде готов за сезоната 2022/2023.