Со победата од 74:68 над Барселона, вечерва Реал Мадрид дојде до нова шампионска титула во Шпанија, победувајќи го вечниот ривал со 3:1 во серијата. „Кралевите“ дојдоа до титулата, и тоа во салата на противникот.

Ова беше 35-ти шампионски пехар за Реал Мадрид. Барселона, пак, не успеа да стигне барем до мајсторка, и загуби на свој терен од противникот, кој ја одбрани титулата освоена минатата сезона.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кампацо со 15 поени, а кај домаќинот Пангос со 16 поени.