Данската тенисерка Каролина Вознијацки и НБА ѕвездата Давид Ли се венчаа на романтична церемонија во Тоскана, а тенисерката имаше силна поддршка со оглед на тоа дека како деверици ги имаше Серена Вилијамс, Анжелик Кербер, како и сестрите Агњешка и Урсула Радвански.

„Тенискиот тим“ – како што ги нарече невестата своите другарки и фотографирањето со нив беше еден од омилените моменти на венчавката на Вознијацки.