Илија Несторовски има супер, фантастична понуда од Ал Ахли, тим од Саудиска Арабија каде што тренер е Бранко Иванковиќ. Една од двете големи понуди е таа на Ал Ахли, а вредна е речиси 3 милиони евра по сезона. Му се нуди двегодишен договор.

Ќе видиме дали нашиот репрезнтативец ќе ја прифати или пак ќе остане во Европа. Пред скоро време имаше најави дека Несторовски е близу до потпис со Црвена Звезда, беше поврзуван и со екипите на Лече и Фросиноне.

Интересно е тоа што фановите на Палермо на социјалните мрежи веќе наголемо се простуваат од својот капитен.