Лука Бекенбауер, внук на легендарниот германски фудбалер и тренер Франц Бекенбауер, викендов ќе го одигра првиот сениорски натпревар во дресот на Хановер.

Бекенбауер има 18 години, и во моментов е дел од Хановер, и сега е пред портите на првиот тим. Лука ќе игра на пријателски меч за време на подготовките на својот тим.

Лука беше дел од младинскиот тим на Баерн, но потоа замина во Шалке, и сега е дел од Хановер. Игра на позицијата стопер, исто како и неговиот дедо.