Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе, попладнево не ја заврши првата трка во Имола, а тој заработи и две казни на истата. Иџе беше разочаран и лут од се она што се случуваше на трката во Италија и тоа јасно го искажа.

„Безвезен викенд… Не сакам да излезе дека се жалиме, но жената која го држи знамето за старт беше таа што ме намести како треба да тргнам, а потоа добив казна од пет секунди. Дефинитивно не може да се помират дека сме брзи! Потоа нова казна од пет секунди за удар при лизгање, а видете како врне, двајцата возачи излетавме… Не ми е јасно, не можат да поднесат дека сме напред. Криво ми е што не ја искористивме шансата и не се качивме на подиум… Утре нека ми дадат и казни, ама некој ќе лета во трева, а ние ќе дојдеме до подиумот“ – револтирано коментираше Иџе по денешната трка.