Ептен лош старт на македонските спортисти на Европските игри во Минск, затоа што најдобрите спортисти во џудо, самбо и бокс не се прославија.

Во џудо, Арбреша Реџепи загуби од Белорусинката Ксенија Данилович  (0-11), додека во самбо Далибор Богданов беше поразен од белорускиот ривал Александар Кокша со 2-0 за потоа да доживее пораз и во репасажот од бугарскиот првак Мартин Иванов со убедливи 9-0.

Во бокс, Арсим Етеми (75 кгр), во второто коло загуби од 0-5 Макс Ван Дер Пас (Холандија). Вечерва честа на Македонија можат да ја спасат Јасин Љама кој во категоријата 60 кгр ќе боксува против Тадеј Цернога (Словенија) додека Гоце Јанески категорија -69 кој ќе боксува против Киран Молој (Ирска) и тоа во второто коло бидејќи во првото коло и двајцата боксери беа слободни.