Најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбал, Нејмар силно посакува да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона. Тој не е задоволен од животот во Париз, ниту пак неговото семејство.

Каталонски спорт објави дека челниците на клубот му поставиле два услови кои мора да ги исполни доколку сака одново да го облече дресот на Барса. Првиот да ја повлече тужбата против тимот и вториот јавно да каже дека сака да се врати.