Реал Мадрид влегува во друштвото на големите европски клубови кои покрај машката, ќе има и женска екипа. Кралскиот клуб беше единствениот во Шпанија, кој немаше женска екипа, но по 117 години ќе стави крај на тоа.

За следната недела е најавен состанок на кој Реал ќе го купи локалниот женски клуб Депортиво Такон за околу 400 илјади евра, клуб кој штотуку обезбеди влез во првата лига.

По купувањето клубот ќе добие ново име, а дамите ќе тренираат во спортскиот центар на Реал Мадрид, исто како и машката екипа.

Реал Мадрид не беше заинтересиран во минатото за основање на женска екипа, но зголемениот притисок од УЕФА, како и се поизразената промоција на женскиот фудбал и притисокот од спонзорите ги принудија првите луѓе на ваков чекор.