Меѓународната автомобилска федерација ФИА ја одби жалбата на Ферари за казната која Себастијан Фетел ја доби на трката за Големата награда на Канада.

Фетел доби казна од пет секунди поради небезбедното враќање на патеката, со која му попречи на Луиз Хамилтон, кој возеше зад него. Фетел победи на трката, но Хамилтон го освои пехарот поради казната на возачот на Ферари.

Ферари приложи жалба на која претстави и нови видео анализи, но ФИА заклучи дека „нема значајни и релевантни елементи“ за промена на одлуката.