Пополнувањето на ростерот на европскиот шампион Вардар за следната сезона продолжува. Ново име во редовите на „црвено-црните“, по се изгледа, ќе биде Бразилецот Хозе Толедо, кој сезоната ја заврши како член на екипата на Висла Плок.

Станува збор за 25-годишен ракометар кој 4 години ги бранеше боите на полскиот состав. Тој е исклучително висок ракометар (193 см) кој ќе биде исклучително значаен за одбрандбените задачи, но и голема помош за Даинис Криштопанс на десната бековска позиција.

Засега нема официјална потврда од Вардар, но преговорите се во засилен тек.