Селекцијата на Шпанија се пласира во полуфиналето на младинското Европско првенство по убедливата победа над Полска со 5:0 во групата А. „Фуријата“ го сочуваа првото место во групата со шест бодови, а исто толку има и Италија која со 3:1 ја совлада Белгија но е на втората позиција. И Полска има шест но е елиминирана поради полоша гол-разлика од првите две екипи. Белгија е последна без бодови.

Но Италијанците, инаку, домаќини на шампионатот уште не се полуфиналисти. Тие денеска ќе се молат Данска и Австрија да не победат со три гола разлика односно натпреварот во понеделник меѓу Франција и Романија да не заврши нерешено. Во случај таму да нема победник на споменатиот меч, тогаш Франција и Романија ќе ги освојат првите две позиции во групата Б со по седум бодови па „Аѕурини“ ќе бидат елиминирани затоа што во полуфиналето влегуваат првопласираните од трите групи и најдобрата второпласирана екипа. А ако Данска или Австрија убедливо победат против Србија односно Германија, тогаш Италијанците ќе испаднат поради полоша гол-разлика.

Да кажеме и дека со самиот пласман во топ 4 фазата, Шпанците извадија и билет за Олимписките игри во Токио 2020.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore