Иако има 42 години, Џиџи Буфон, еден од најдобрите голмани во историјата сеуште е баран на трансфер пазарот. Откако заврши со ПСЖ, за него заинтересирани беа и Порто, Флуминенсе, но и многу други клубови. Сепак од Англија и Италија вест на денот е дека Џиџи се наоѓа пред сензационален трансфер во Чемпионшип дивизијата, и тоа во тимот на Лидс Јунајтед. Ако овие најави се остварат тогаш Македонецот Езџјан Алиоски, кој е еден од најдобрите играчи на Лидс, ќе добие познато и славно име за соиграч или клупски колега.