Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер доминантно го заврши и финалниот меч на тенискиот турнир во Хале, Германија. Во завршниот меч, Швајцарецот потврди дека ја крева формата пред Вимблдон и со 2:0 (7:6, 6:1) го совлада Белгиецот, Гофин.

Мечот траеше само час и 25 минути. Интересно е што Федерер и минатата година играше во финалето, но беше поразен од Борна Чориќ. За Швајцарецот ова беше 13-то финале и 10-та титула во Хале.