И официјално Изаир Емини во следната сезона ќе го носи дресот на Дрита Гњилане, тим од елитната лига на Косово. Искусниот напаѓач, кој има 33 години не успеа да се договори со Шкендија за продолжување на соработката, па затоа ја прифати најдобрата понуда која стигна до него во овој момент.

Секако дека ова ќе биде големо засиливање за косовскиот тим. Инаку Емини досега во својата кариера беше член и на Ренова, Шкендија, потоа Кукс од Албанија.