Сите се прашуваат која е реалната цена на Калид Кулибали, посебно се прашуваат по денешната одлука на челниците на Наполи. А таа е дека дефанзивецот за кого интерес пројавуваат речиси сите најголеми клубови во светот, а посебно Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, може да си оди, но само под услов ако за него некој клуб плати отштета од 150 милиони евра.

Се чини дека Наполи малку како да претера. Факт е дека Кулибали е одличен стопер, но дали некој од горенавадените три клуба би платил толкава, па и астрономска цена, за дефанзивецот на Наполи, останува да се види.