Македонскиот борач Бесир Алили успеа да го освои европското злато на кадетското ЕП во Италија, во финалната борба во категоријата до 48 килограми славеше над Ерменецот Хованинисјан со 7:6.

Нашиот херој денеска пречекан на граничниот премин Табановце, заедно со група навивачи со панарамски автобус се упати кон плоштадот „Скендербег“, каде е главната забава по повод огромниот успех.