Се сеќавате на скандалот што се случи на ЕУРО 2004 година во режија на Шведска и Данска, а по кој Италија не се пласира во нокаут фазата? Такво нешто им се случи на „Аѕурите“ вечерва на Европското првенство за играчи до 21 година на кое се домаќини.

„Аѕурите“ го освоија второто место во групата А со шест бодови, а само најдобриот второпласиран оди во полуфиналето. Тие чекаа го чекаа резултатот помеѓу Франција и Романија вечерва. Не требаше да заврши нерешено, но…

Гореспоменатиот меч заврши 0:0 што значи дека двете екипи си освоија по седум бодови и отидоа понатаму со тоа што Франција како победник, а Романија како најдобро второпласирана во групата. Така Италија извиси…

Во полуфиналето на овогодишното ЕП У21 (27 јуни) ќе се соочат Шпанија-Франција и Германија-Романија.

ЕДНОСТАВНО ГИ МРАЗАТ – TРЕТ ПАТ ИМ СЕ СЛУЧУВА ОВА

Пред 15 години на Европското првенство во Австрија и Швајцарија им се случи нешто слично. Тогаш на Италијанците не им одговараше само резултат 2:2 меѓу Данска и Шведска. Скандинавците одиграа токму тоа па Италијанците ги спакува куферите и обвинија за местенка.

Италија уште еднаш извисила на сличен начин. На ЕП У21 во 2015 година во последното коло на Италија и требаше победа над Англија, а Португалија и Шведска да не одиграат реми. „Аѕурите“ си победија но испаднаа затоа што Португалија и Шведска одиграа 1:1.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore