Враќањето на тенисот, Енди Мареј го направи со стил, односно со титула во двојки на турнирот во Квинс. Тој заедно со својот партнер, шпанецот Фелисијано Лопез го освоија турнирот во Лондон со победа над Џо Сализбери и Раџив Рам во финалето со 7:6(6), 5:7 и 10:5 во тај-брејкот.

Ова е прв настап на Британецот по операцијата на колкот и рехабилитацијата која траеше пет месеци.

Интересно е што Лопез доминираше на турнирот, со оглед на тоа дека победи и во сингл, односно во финалето со 6:2, 6:7(7), 7:6(2), по скоро три часа игра успеја да го победи Французинот Жил Симон.