Еурофарм Работник ќе биде вториот македонски претставник во Лигата на шампионите следната сезона покрај бранителот на титулата Вардар.

За разлика од македонскиот првак кој ќе биде носител на една од групите А и Б, битолскиот тим ќе игра во Ц и Д групите. Пред ждрепката  се најде во шеширот број четири заедно со Кристијанштад.

Правилата на ЕХФ се јасни кога станува збор за екипи од исти земји, па токму затоа шведскиот Савехоф е првиот сигурен противник на Еурофарм Работник. Останатите четири ќе бидат познати в четврток, ждрепката е закажана со почеток во 18 часот во Виена.

Она што е познато е дека битолчани првиот дебитански дуел во ЛШ ќе го играат на домашен терен, а која сала ќе ја одберат наскоро ќе биде познато.

ШЕШИР 1: Динамо Букурешт (Романија), Савехоф (Шведска).

ШЕШИР 2: Чеховски медведи (Русија), Татран Прешов (Словачка).

ШЕШИР 3: Кокс (Финска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија).

ШЕШИР 4: ЕУРОФАРМ РАБОТНИК (Македонија), Кристијанштад (Шведска).

ШЕШИР 5: Бидасоа Ирун (Шпанија), Висла Плоцк (Полска).

ШЕШИР 6: ГOГ Гудме (Данска), Спортинг (Португалија)

Лигата на шампионите официјално почнува од 11 до 15 септември.