Осумнаесетгодишната Франческа Џонс доби повик за настап на престижниот „Вимблдон“ со што си го исполни долгогодишниот сон. Имено младата тенисерка од Лидс моментално е 366. тенисерка во светот доби вајлда карта, а таа е родена со генетско пореметување. Родена е со преплетени прсти и после бројни операции има по четири прсти на двете раце и четири прсти на левото стапало односно три на десното.

Иако лекарите и зборувале дека не може да се занимава со тенис, Франческа била упорна и играла на неофицијални тениски турнири. Но сега е поинаку. Таа напредувала и стигна да игра на Вимблдон.

„Најголемо задоволство во животот е да се направи тоа што луѓето велат дека не е можно. За мене не постојат препреки, се научив да живеам така“, вели Џонс која на девет години се преселила во Барселона каде почнала да тренира тенис во академијата на Енди Мареј и Рафаел Надал.

„Секој ден тринирам напорно и ги поместувам границите. Се борев многу за да играм тенис. Не треба да слушаш што ги зборуваат другите, следи го срцето и бори се за тоа што го сакаш. Сакам да стигнам што е можно повисоко во тенисот“, изјави Британката.