Мајорка ја слави промоцијата во најсилната шпанска лига, а еден од фудбалерите на овој тим Лаго Јуниор даде интересна изјава за време на прославата. Тој беше во придружба на својата сопруга Фабиола и изјави:

„Ќе славам со моите соиграчи и со жена ми. Таа ме држи за јајцата. Каде и да одам таа е со мене. Таа ме чува како Серхио Рамос, не ми дава ни сантиметар простор“, изјави Лаго.

Неговата изјава ја потврди Фабиола:

„Точно е тоа. Тој може да оди на било која забава но само со мене“.