ФОТО: ГРАД СКОПЈЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и неговиот заменик Енвер Малиќи, во присуство на голем број граѓани на плоштадот „Скендербег“, го пречекаа Бесир Алили кој го освои златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија.

Како што информираат од Град Скопје во текот на утрешниот ден Алили ќе оствари и средба со градоначалникот Шилегов.