Шкендија во првото квалификациско коло во ЛШ се среќава со Номе Калју од Естонија. Познати се од денеска и официјалните термини на двата меча. Првиот се игра во Естонија и тоа во Талин на стадионот „Кадриорг“, на 9 јули со почеток во 18 часот.

Додека реваншот е закажан за 16 јули на Арената во Скопје, но внимавајте, со почеток од 17:00  часот. Оваа вест ни ја потврдија и од канцеларијата на Шкендија, истакнувајќи дека тоа е официјалниот термин на УЕФА за овој меч.