И додека сите чекаат информации за Вардар, пред се за неговото идно финансирање, екипата во сабота ги почнува подготовките за новата сезона. „Црвено-црните“ со постоечкиот играчки кадар (без Горан Попов и Хуан Фелипе), ги стартува тренинзите.

Екипата по неколку дена во Скопје, идната недела ќе оди најпрво во Маврово, а главниот дел од подготовките ќе ги спроведе во Словенија, најверојатно на истото место каде што беше и лани, во местото Зрече во близината на Копер. Таму ќе бидат одиграни неколку контролни натпревари.

Во меѓувреме се формира и играчкиот кадар. Јасно е дека со суспензијата, „црвено-црните“ ќе се свртат кон својот младински погон. Така потпишани се професионални договори со неколку младинци, меѓу кои се Азар Омерагиќ и Леонид Игњатов.