Вардар ќе добие финансиска инјекција од Владата на РМ како што беше највено веднаш по освојувањето на титулата. На денешната седница беше одлучено на европскиот, македонски и регионален првак да му бидат доделени 30 милиони денари или пола милион евра.

Парична наградата од еден милион денари ќе добие и Бесир Алили за освоениот златен медал на ЕП во категоријата борење во кадетската конкуренција, неговиот тренер ќе биде награден со 300.000 денари.