Повратникот во дресот на Борусија Дортмунд, искусниот дефанзивец Матс Хумелс го помина својот летен одмор со пријателите во Хрватска, додека неговата сопруга Кети беше на одмор во Мајами со малиот син Лудвиг. Медиумите во Германија шпекулираат дека работите во семејството Хумелс не се добри и дека малку е веројатно сопругата на Матс, Кети, да го напушти Минхен и да се пресели во Дортмунд.

Во текот на изминатите неколку години, Матс беше поврзуван со еден куп различни жени, меѓу кои и Лена Мејер-Ландрун. Таблоидите на широко пишуваат дека Матс и Лена се заедно, а тоа го знае и неговата сопруга Кети, која пред неколку години беше поврзана со афера со соиграчот на Хумелс, Невен Суботиќ.

Изненадувачкиот трансфер на Хумелс од Баерн во Борусија покренува многу прашања. Медиумите веќе шпекулираат дека Хумелс со овој потег сака да ја заврши врската со Кети и дека во иднина сака да и се посвети на Лена.