ЕХФ го состави идеалниот тим за последните две квалификациски кола за пласман на ЕП 2020 година.

Иако Македонија како првопласирана ја заврши групата и на последните две средби против Турција и Грција не само што оствари победи, туку дел од ракометарите имаа забележителен настап, сепак во дрим-тимот не се најде ниту еден наш ракометар.

Во оваа најдобра седумка затоа има место за грчки репрезентативец, поточно Димитрос Цирас. Токму Македонија е селекцијата која на Грците им го зацрни сонот за пласман на ЕП.

Сосема заслужено во идеалниот тим се најде Данис Кристопанс, благодарение на неговите одлични игри Летонија го завери билетот за континенталното натпреварување.

Како ќе изгледаат групите на ЕП 2020 година ќе биде познато во петокот за кога е закажана дрепката.