Како што објави денеска УЕФА, КМФ Шкупи ќе биде домаќин на прелиминарен турнир во квалификациите во Лигата на Шампионите во футсал. Тој турнир ќе се игра од 27 август до 1 септември и тоа во салата Кале.

За тоа кои ривали ќе ги имаат чаирчани ќе се знае на 4 јули кога во Нион ќе одржи ждрепката за оваа фаза во квалификациите во Лигата на Шампионите. Да потсетиме дека КМФ Шкупи по вторпат во својата историја ја претставува нашата земја во најквалитетното клупско натпреварување во Европа.