По поразот од Грција во првото коло, младинската одбојкарска репрезентација на Македонија славеше во 2. коло на балканското првенство во Албанија. Денеска, избраниците на селекторот Санев обезбедија убедлива победа над селекцијата на Косово од 3:0 (25:10, 25:15, 25:12).

Со оваа победа нашите млади одбојкари до 20 години ги задржаа шансите за освојување на едно од првите две места во групата кои водат во полуфиналната фаза. Утре во рамките на 3. коло играме против домаќинот Албанија во директен дуел за место кое води меѓу четирите најдобри.