Дебито на Академија Пандев на европската сцена ќе се случи на 11 јули од 19 часот на Националната Арена во Скопје. Ова е терминот кој е потврден за првиот меч од 1. елиминациско коло од новата сезиона во Лигата на Европа во кој струмичани ќе бидат домаќини на екипата на Зрински од Босна и Херцеговина. Мечот ќе се игра приквечер, за да се избегнат скопските горештини.

Останатите двајца македонски преставници, Шкупи и Македонија ЃП на првите дуели на 11 јули ќе играат на гости. Шкупи прв ќе отвори со меч во градот Гиумри во Ерменија против екипата на Пјуник. Средбата е закажана во 15:30 часот.

Македонија ЃП истиот ден гостува исто така во Ерменија, но во Ереван на стадионот на Академијата на националната федерација. Средбата со екипата на Алашкерт, ѓорчепетровци ќе ја одиграат со почеток од 17 часот.