Уште едно засилување кое „Спортмедиа“ го најави денеска доби потврда. Станува збор за Струга Трим Лум и Урош Ѓуриќ. Новиот прволигаш и официјално се договори со српски голман кој минатата сезона ги бранеше боите на Ренова, а претходно на Динамо Врање.

Ѓуриќ е третото засилување за амбициозниот клуб од Струга откако утринава го промовираа напаѓачот Христијан Кировски, а пред него беше потпишан договор и со крилниот фудбалер Емран Рамадани.