Одлична вест за сите во Шкупи. Игор Алексовски, репрезентативниот голман вредно тренира со своите клупски колеги и се очекува во најскоро време повторно да застане на голот на тимот на Шкупи. А потоа се знае, и враќање во репрезентацијата на Македонија. Да потсетиме дека Алексовски во јануари, токму на подготовките во Турција се здоби со тешка повреда, кинење на лигаментите, по што следуваше операција и шестмесечна рехабилитација.

Да се надеваме дека овие подготовки во Турција, одличниот голман ќе ги памети само по добро.