Уругвај го победи Чиле со 1:0, а за време на мечот една ситуација остави впечаток, а главен актер беше Луис Суарез. Тој се најде од косо очи во очи со противничкиот голман, шутираше топката удри во раката на чуварот на мрежата и заврши во корнер.

Она што е смешно Суарез побара пенал поради играње со рака!? Но бргу ја сфати својата грешка и рацете ги стави на глава жалејќи за пропуштената шанса.

Во жарот на борбата се заборава кој смее, а кој не смее да игра со рака. Суарез да си побара, па ако добие супер, ако не играта продолжува…