Македонската јуниорска репрезентација денеска го одигра вториот пријателски натпревар против Полска во рамките на подготовките за настапот на ЕП Б Дивизија. Тони Симиќ и неговите момци беа целосно надиграни, беа совладани со 76-55.

Се чини шоуто на оваа средба го украде најмладиот член во семејството Антиќ. Првиот човек на МКФ, Перо, речиси на секој меч доаѓа со „засилување“, еден од тројцата синови „задолжително“ му прават друштво.

Овој пат дојде Петар, кој беше во центарот на вниманието, не се одвои од својот татко, дури и кога првиот човек доделуваше признание на еден од судиите по повод неговото пензионирање.