Холандскиот репрезентативен чувар Јеспер Силесен, ќе застане на голот на Валенсија, соопштија од тимот на Барселона, кои потврдија дека постигнале договор со тимот за ангажман на голманот.

Силесен имаше желба да оди во клуб каде што ќе брани, со оглед дека во Барса неприкосновен е Марк-Андре Тер Штеген.

Веројатно сегашниот голман на Валенсија, Нето, пак, ќе дојде во Барселона и ќе биде резервен чувар, откако имаше несогласувања со тренерот Марселињо на крајот од сезоната.